icon-facebook icon-instagram icon-pinterest icon-soundcloud icon-twitter icon-youtube

За Врховниот суд на Викторија

Оваа страница може да ја читате на друг јазик ако „кликнете“ на копчето ‘Other Languages’ на врвот на веб страницата.

Овој водич содржи само општи информации и нема за цел да претставува правен совет.

Писмено и усно преведување – помош преку телефон

Ако ви треба преведувач за да телефонира во ваше име во Врховниот суд, ве молиме јавете се на Translating and Interpreting Service (Служба за писмено и усно преведување) на 131 450 и речете го на англиски името на вашиот јазик. Потоа побарајте од преведувачот да телефонира во Врховниот суд на Викторија на 03 8600 2000.

Телефонските броеви на различни оддели на Судот се наведени подолу. Комплетна листа е на располагање на страницата ‘Contact us’ на нашата веб страница: https://www.supremecourt.vic.gov.au/contact-us.

За повеќе информации за службата може да ја посетите веб страницата на Translating and Interpreting Service (Служба за писмено и усно преведување).

За Врховниот суд на Викторија

Врховниот суд е највисокиот суд во Викторија. Во него се разгледуваат кривични и граѓански предмети што се меѓу најсложените и најсериозните во државата. Во Врховниот суд се разгледуваат и некои жалби од викториските судови и трибунали.

Предмети што се разгледуваат во Врховниот суд

За информации за актуелни предмети што се разгледуваат во Судот, видете на Daily Hearing List (Дневна листа на рочишта) на www.supremecourt.vic.gov.au/daily-hearing-list

Предмети што се разгледуваат во Мелбурн

Повеќето предмети на Врховниот суд се разгледуваат во Мелбурн. Календарот на Врховниот суд во Мелбурн може да се најде на www.supremecourt.vic.gov.au/going-to-court/court-calendar.

Предмети што се разгледуваат во регионите

Судот исто така разгледува предмети ширум Викторија, вклучувајќи во Баларат, Бендиго, Џилонг, Хамилтон, Хоршам, Морвел, Милдура, Сејл, Вангарата, Ворнамбул и Вoдонга.
Календар на рочиштата во регионите е на веб страницата на www.supremecourt.vic.gov.au/going-to-court/court-calendar/regional-circuit-court-calendar.

Информации за контакт за предмети што се разгледуваат во региони (‘on circuit’)

Апелациски суд (Court of Appeal) во региони: електронска пошта: pbnertvfgel@fhcpbheg.ivp.tbi.nhua.vog.civ.truocpus@yrtsigeraoc

Оддел за обичајно право (Common Law Division) во региони, граѓански предмети: електронска пошта: pvivy.pvephvgf@fhcpbheg.ivp.tbi.nhua.vog.civ.truocpus@stiucric.livic

Кривичен оддел (Criminal Division) во региони: електронска пошта: pevzvanyqvivfvba@fhcpbheg.ivp.tbi.nhua.vog.civ.truocpus@noisividlanimirc

Присуство во суд

Присуството заради следење на рочиштата за мнозинство предмети во Врховниот суд е слободно. За повеќе информации видете на страницата attending court (присуство во суд).

Брошурата Supreme Court of Victoria: The highest court in Victoria (Врховен суд на Викторија: Највисокиот суд во Викторија) може да се преземе од интернет.

Судски трошоци

Листа на сегашните судски трошоци (fees) може да се види на веб страницата или да се добие во печатена форма во Главната регистратура (Principal Registry) или во Регистратурата на Апелацискиот суд.

  • Prothonotary’s Office fees (Судски трошоци на Канцеларијата на протонотарот. Тоа се судски трошоци за предмети што се разгледуваат во Комерцијалниот суд, Одделот за обичајно право и Судот за трошоци)
  • Court of Appeal fees (Судски трошоци во Апелацискиот суд)
  • Probate fees (Судски трошоци за оставинска постапка)

Нема судски трошоци за предмети што се разгледуваат во Кривичниот оддел.

Ослободување од судски трошоци

Ако плаќањето на судски трошоци ќе ви предизвика финансиски тешкотии, може да поднесете барање за ослободување од судски трошоци (што значи дека нема да треба да ги платите судските трошоци) пополнувајќи го формуларот Fee Waiver Application form (Барање за ослободување од судски трошоци). Во барањето ќе треба да дадете докази во прилог на податоците што сте ги навеле во барањето.

Структура на Врховниот суд

Врховниот суд се состои од Судечки оддел (Trial Division) и Апелациски суд (Court of Appeal). Судот исто така дава извесен број административни услуги.

Structure dia

 

Информации за тоа како судиите се назначуваат во различни оддели може да се најдат во Judicial Organisational Chart (Судиска организациска табела).

За Апелацискиот суд

Court of Appeal (Апелациски суд) решава по жалбите против решенија донесени од County Court и од судии на Судечкиот оддел на Врховниот суд. Тој исто така решава по жалби на решенијата што ги донеле претседателот или потпретседателот на Викторискиот граѓански и административен трибунал (Victorian Civil and Administrative Tribunal - VCAT).

Судот одлучува дали судењето е спроведено праведно и дали законот е точно применет. Една жалба обично разгледуваат двајца или тројца судии.

Во повеќето случаи мора да се поднесе барање за дозвола од Апелацискиот суд да се поднесе жалба до судот. Тоа се вика ‘seeking leave to appeal’.

Информации за контакт

Телефон: 03 8600 2001

Електронска пошта: pbnertvfgel@fhcpbheg.ivp.tbi.nhua.vog.civ.truocpus@yrtsigeraoc

За Судечкиот оддел

Судечкиот оддел има неколку одделни одделенија. Тие се опишани во продолжение.

Кривично одделение

Criminal Division (Кривично одделение) на Врховниот суд разгледува сериозни кривични предмети како што се убиство, убиство без предумисла (manslaughter), обид за убиство и тероризам.

Судиите од Кривичното одделение исто така разгледуваат барања врз основа на поголем број закони, вклучувајќи го Законот за кауција од 1977 година (Bail Act 1977).

Информации за контакт

Кривична регистратура: Телефон: 03 8600 2059, електронска пошта: pevzvanyqvivfvba@fhcpbheg.ivp.tbi.nhua.vog.civ.truocpus@noisividlanimirc .

Комерцијален суд

Commercial Court (Комерцијален суд) разгледува сложени комерцијални спорови (во врска со бизнисот). Секој предмет влегува на „листа“ на Комерцијалниот суд за да го води еден судски службеник. Исто така постојат специјалистички листи кои разгледуваат случаи од конкретни правни области.

Информации за контакт

Регистратура на Кривичниот суд: Телефон: 03 8600 2002, електронска пошта: pbzzrepvnypbheg@fhcpbheg.ivp.tbi.nhua.vog.civ.truocpus@truoclaicremmoc

Комерцијалниот суд може да разгледува вистински итни предмети преку дежурен судија (Duty Judge) на Комерцијалниот суд

  • во работно време: (9.00 наутро – 5.00 попладне): Телефон: 03 8600 2002
  • надвор од работното време и за време на викенди: Телефон 0439 153 522 или ако не е на располагање 0447 054 310.

Одделение за обичајно право

Common Law Division (Одделение за обичајно право) разгледува низа случаи, вклучувајќи ги тие што се за лична повреда (personal injury), професионална одговорност (правна постапка покрената од лице кое страдало поради невнимателните постапки на некое професионално лице), имот и спорови за тестаменти и оставини. Судот исто така решава по некои жалби и разгледува одлуки донесени од јавни организации и службени лица.

Расправите мора да бидат ставени на некоја специјалистичка листа. Секоја листа се занимава со некоја конкретна правна област и ја води судски службеник со специјалистички познавања од таа правна област. The Notice to the Profession – Specialist Lists in the Common Law Division (Специјалистички листи во Одделението за обичајно право) ги наведува имињата на специјалистичките листи и дава кус опис на видовите на расправи соодветни за секоја листа. Странката која покренува расправа мора да номинира соодветна специјалистичка листа за расправата.

Информации за контакт

Главна регистратура (Обичајно право): Телефон 03 8600 2008.

 Вистински итни предмети од областа на обичајното право може да бидат разгледувани во Practice Court

  • во работно време: (9.00 наутро – 5.00 попладне): Телефон: 03 8600 2036, електронска пошта: cenpgvpr.pbheg@fhcpbheg.ivp.tbi.nhua.vog.civ.truocpus@truoc.ecitcarp
  • надвор од работното време и за време на викенди: Телефон: 0412 251 757

Суд за трошоци

Costs Court (Суд за трошоци) одржува расправи за спорови меѓу странки во врска со трошоци во предмети што биле расправани во Врховниот суд, County Court, Magistrates' Court и Викторискиот граѓански и административен трибунал (VCAT). Тој исто така одржува расправи за спорови околу трошоци меѓу правници и нивни клиенти.

Судот за трошоци ги разгледува трошоците и прави процена (овој процес се вика ‘taxation’ на трошоци). На пример, Судот може да ја намали сметката што ја побарувал правникот или може да ѝ нареди на едната страна да ги плати трошоците на другата страна.

Информации за контакт

Телефон: 03 8600 2007

Електронска пошта: pbfgf.pbheg@fhcpbheg.ivp.tbi.nhua.vog.civ.truocpus@truoc.stsoc

 Дали размислувате сами да се претставувате (без адвокат) во правна постапка?

 Координаторот за парничари кои сами се претставуваат на Врховниот суд (Supreme Court’s Self-Represented Litigants – SRL) може да помогне со:

  • процедурални и практични упатства (но не со правен совет)
  • информации за алтернативни начини за решавање на спор
  • организации што даваат бесплатни или правни услуги по ниски цени (we can help you find legal representation) (може да ви помогнеме да најдете правно застапување).
  • упатства што ќе ви помогнат сами да се претставувате во низа постапки.

 Информации за координаторот за парничари кои сами се претставуваат

 Ако сакате да се сретнете со Координаторот за парничари кои сами се претставуваат, ве молиме закажете состанок:

 Телефон: 03 8600 2031

 Електронска пошта: Haercerfragrq@fhcpbheg.ivp.tbi.nhua.vog.civ.truocpus@detneserpernU

 Канцеларијата на координаторот е во Supreme Court Principal Registry (Главна регистратура на Врховниот суд).

Судски служби

Главна регистратура

Supreme Court Principal Registry (Главна регистратура на Врховниот суд) извршува низа административни функции и услуги, вклучувајќи:

  • одржување на безбедно чување на судската документација
  • издавање на судски налози - „subpoenas“ (правни документи кои обврзуваат лицето да присуствува на судење за да даде исказ или поднесе документи како доказ во предметот)
  • праќање правни документи во странство
  • издавање копии на документи
  • давање процедурални совети за итни предмети
  • прием на судски трошоци

Вработените во регистратурата не може да даваат правни совети. Тие може да помогнат со општи информации за Судот и за неговите правила, процедури и процеси.

Информации за контакт:

Телефон: 03 8600 2004

Адреса:

451 Little Bourke Street

Melbourne VIC 3000

Работно време: 9.30 наутро до 4 попладне, освен во државни празници

Тестаменти и регистрирање на тестаменти (Probate)

Probate Office (Канцеларијата за регистрирање на тестаменти) разгледува барања за:

  • одобрување на регистрирање на тестаменти - „grants of probate“ (правни документи издадени од Судот, кои му дозволуваат на извршителот (executor) или администраторот да управува со имотот на починатото лице), и
  • администрирање (кога починатото лице не оставило тестамент).

Канцеларијата за регистрирање на тестаменти може да ви даде општи информации за:

  • одобрување на регистрирање на тестаменти и за администрирање со имот на починато лице
  • поднесување барање за одобрување на регистрирање на тестамент или администрирање
  • службата за „мали оставини“
  • пребарување на архивата со барања за одобрување на регистрирање на тестаменти
  • обрасци за регистрирање на тестаменти и судски трошоци во врска со регистрирањето

Информации за контакт

Телефон: 03 8600 2000 (Опција 1)

Електронска пошта: cebongr@fhcpbheg.ivp.tbi.nhua.vog.civ.truocpus@etaborp

Адреса:

451 Little Bourke Street

Melbourne VIC 3000

Работно време: 9.30 наутро до 4 попладне, понеделник до петок, освен во државни празници

Funds in Court

Funds in Court му помага на еден специјален судија наречен Senior Master во администрирањето на сите финансиски средства платени во граѓански парници во Судот. Тие средства се платени или како ‘award’ или ‘non-award’ средства.

‘Non-award’ или ‘оспорени’ средства вклучуваат, на пример, пари платени како гаранција за судски трошоци или во очекување на исходот на процес во Судот кога постои спор околу финансиски средства.

‘Award’ средства се администрирани за „корисници“ кои добиле отштета во судски предмет, но не можат самите да раководат со финансиски средства или затоа што се помлади од 18 години или, на пример, поради несреќа, повреда или болест, или интелектуална попреченост.

На веб страницата на The Funds in Court (http://fundsincourt.vic.gov.au/) се дадени комплетни податоци во врска со ‘award’ и ‘non-award’ средствата.

Информации за контакт

Телефон: 1300 039 390

Телефон (за повици од странство): 61 3 9032 3777

Email: svp@fhcerzrpbheg.ivp.tbi.nhua.vog.civ.truocemerpus@cif

Адреса

Level 5, 469 La Trobe Street

Melbourne VIC 3000

Работно време: Monday to Friday 9am–5pm

Пороти Викторија

Учеството во порота е значаен дел на правниот систем на Викторија. Секоја година илјадници Викторијци одделуваат од нивното време заради присуство во суд како поротници.

Ако сте избрани случајно за поротник од избирачкиот список, информации може да најдете на Juries Victoria (Пороти Викторија).

Информации за контакт

Телефон: 03 8636 6800

Електронска пошта: vasb@whevrf.ivp.tbi.nhua.vog.civ.seiruj@ofni

Адреса

Juries Victoria

Ground Floor, County Court Building

250 William Street

Melbourne VIC 3000

Работно време: Понеделник до петок, од 8.45 наутро до 4.30 попладне

Правна библиотека на Викторија

Law Library of Victoria (Правна библиотека на Викторија) е значаен ресурс за судовите, правниците и заедницата. Во неа се вклучени комбинирани збирки документи од Врховниот суд, County Court, Magistrates’ Court и VCAT. Членови на заедницата не можат да земаат на заем нешта од Правната библиотека на Викторија, но можат да ја посетат библиотеката на Врховниот суд во работно време. Библиотеката располага со широка низа дигитални правни ресурси што се на располагање за јавно користење на компјутерите во библиотеката.

Електронска пошта: www.lawlibrary.vic.gov.au

Адреса

The Supreme Court Library

210 William Street

Melbourne VIC 3000

Работно време

Понеделник до четврток 8.30 наутро – 6.00 навечер

Петок 8.30 наутро – 5.00 попладне